Достапни линкови

Нова офанзива против ИД во Сирија


Курдски и арапски борци поддржани од САД покренале нова голема офанзива против милитантите на Исламската држава во северна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека курдските и арапските сили ја презеле контролата врз 16 села во близина на границата со Турција. Во меѓувреме, Британија во Обединетите нации побара итен состанок на Советот за безбедност со цел да се направи притисок за интензивирана хуманитарна помош од воздух за населението во градовите опколени од сириските владини сили. Во Ирак пак, владините сили го забавија нивното напредување кон градот Фалуџа, јавуваат новинските агенции.

XS
SM
MD
LG