Достапни линкови

Кавги меѓу Иран и Саудиска Арабија пред собирот на ОПЕК


Иран и Саудиска Арабија повторно се судрија околу натамошните мерки за запирање на падот на цените на нафтата во светот. Пред денешниот состанок на земјите извознички на нафта ОПЕК во Виена, Техеран ги отфрли напорите на Ријад за координирана акција со цел да се намали производството на нафтата. Техеран сака да го зголеми производството на нафта на ниво пред воведувањето на западните санкции околу неговата нуклеарна програма. Овие санкции беа укинати во почетокот на годинава. Саудиска Арабија и Иран се жестоки регионални ривали во многу сфери.

XS
SM
MD
LG