Достапни линкови

Најмалку 15 загинати во бомбашки напад во Сомалија


Сомалиските власти соопштија дека во самоубиствен напад извршен со автомобил бомба пред еден хотел во главниот град Могадишу загинале најмалку 15 луѓе, а дваесетина други биле ранети. Меѓу убиените биле и двајца пратеници. Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Ал Каеда, екстремистичката група Ал Шабаб. Оваа група во 2011 беше истерана од Могадишу со помош на мировниците на Африканската унија. Меѓутоа, таа остана потенцијална опасност во Сомалија, изведувајќи чести напади со цел соборување на владата која е поддржана од Западот.

XS
SM
MD
LG