Достапни линкови

logo-print

ЕУ ја предупреди Полска околу владеењето на правото


Европската комисија упати официјално предупредување до Полска поради почитувањето на правото во таа земја. „И покрај нашите најдобри напори не бевме во можност да најдеме решение за главните прашања кои не загрижуваат“, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс. Варшава има две недели да одговори. Предупредувањето може да доведе до одземање на правото на Полска да гласа во Европската унија. Во декември, полската десничарска влада направи промени во Уставниот суд со што, според критиките, тој сега и бил наклонет на власта. Европската комисија има право да врши притисок врз некоја земја членка да промени некоја мерка за која смета дека е системска закана за фундаменталните вредности на Унијата.

XS
SM
MD
LG