Достапни линкови

Ји: САД и ЕУ ќе помагаат да се реши кризата


Заменик помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји

Заменик помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји

САД и ЕУ ќе ја продолжат поддршката за надминување на кризата во Македонија, вели заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји во интервју за Гласот на Америка.

„Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На одлуката да не се одржат изборите на 5 јуни гледаме позитивно иако, секако, како и сите други, се надевавме дека ќе можеа да се организираат. Сепак, условите не беа поволни, така што мило ни е што страните ги одложија овие избори“, изјави Ји.

Според него, важно за меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД, да ја игра својата улога во поддршка на напорите, не преку наметнување и диктирање, туку преку поддршка на инволвираните страни, на лидерите во земјата, за да најдат решенија и да ги имплементираат.

„Веруваме дека побитно е да се спроведат реформите, да се создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори, отколку да се одржат избори по секоја цена. Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија, без оглед дали тоа е како да се повлече аболицијата за официјални лица осомничени за корупција, како да се создаде подобра состојба за медиумите, преку усвојување закони за медиумски реформи, или тоа да биде преку почитување на работата на СЈО. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017-та, и доколку политичките партии ја завршат својата работа, работата за која и се избрани од граѓаните на Македонија, тогаш ќе ја имаат нашата поддршка, изјави Хојт Ји.

XS
SM
MD
LG