Достапни линкови

Хрватска дала согласност Србија да ги отвори поглавјата 23 и 24


Хрватска писмено дала сагласност за отворање на поглавјето 23 од преговорите на Србија за приклучување кон Европската Унија, потврдиле дипломатски извори.

Поглавјето 23 се однесува на правосудството и темелните права и вредности и е едно од двете поглавја поради кои Хрватска имаше специјални барања.

Второ е поглавјето 24, кое се однесува на правдата, слободата и безбедноста.

Хрватска бара како мерило за отворање на поглавјето 23 во преговорите со Србија да се побара целосна соработка со Хашкиот трибунал, да се укине законот за надлежноста на Србија за процесуирање на воените злосторници на просторот на цела поранешна Југославија, како и да се обезбедат правата на хрватското малцинство.

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, чија земја на 1 јули го презема шестмесечното претседателство со Европската Унија, оцени дека се ближи деблокадата во пристапниот процес на Србија.

„Блокадата не е решение. Во интерес на сите е Србија да напредува во процесот на интеграција. Отворањето на поглавјата 23 и 24 е најлогично и потребно е како за Србија, така и за ЕУ“, изјави Лајчак за Танјуг во Брисел.

XS
SM
MD
LG