Достапни линкови

logo-print

Отворен нов фронт против ИД во северна Сирија


Курдските и арапските борци поддржани од САД отворија нов фронт против милитантите на групата на Исламската држава во северна Сирија.

Сириските демократски сили (СДФ) притискаат кон градот Манбиџ кој е под контрола на ИД, во близина на турската граница, во обид да се оневозможи терористичката група да ја користи областа за пренесување на стоки и стански борци преку границата.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија денеска соопшти дека трупите на СДФ преземале контрола врз 16 села и се наожале на околу 15 километри од Манбиџ.

Во воздушните напади во Манбиџ од страна на коалицијата предводена од САД се убиени 15 цивили, посочува сириската организација.

XS
SM
MD
LG