Достапни линкови

Жена во Пакистан жива запалена поради одбивање понуда за брак


Бабата на Марија Садакад.

Бабата на Марија Садакад.

Жена во Пакистан почина откако била мачена и потоа запалена жива, за одбивање предлог за брак, велат роднини на жената и полицијата.

19-годишната Марија Садакад вчера била нападната од група на луѓе во близина на главниот град Исламабад.

„Таа беше тешко мачена, а потоа жива запалена“, рече нејзиниот вујко Абдул Басит: „Ја донесовме во болница во Исламабад, но таа денекса им подлегна на повредите.“

Басит рече дека неговата внука била нападната од страна на директорот на приватното училиште каде таа порано работела и од неговите соучесници, откако ја одбила понудата за брак од неговиот син.

Полицијата соопшти дека еден од осомничените е уапсен.

Љубовните и брачните одлуки на жените во Пакистан често ги прават цел на насилство.

XS
SM
MD
LG