Достапни линкови

Кремљ: Турција да се извини за соборувањето на рускиот авион


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ соопшти дека се уште ја чека Турција да се извини за минатогодишното соборување на рускиот воен авион во близина на сириската граница и да плати надомест за инцидентот.

Портпаролот Дмитриј Песков рече оти Русија жали што Турција не ги преземала потребните чекори за да ги поправи односите кои беа нарушени по инцидентот.

Коментарите на Песков доаѓаат еден ден откако турскиот претседател Реџеп таип Ердоган изјави дека не разбира каков вид на „прв чекор“ Москва очекува од Анкара.

Анкара одбива да се извини за инцидентот од ноември 2015 година, велејќи дека рускиот авион навлегол во турскиот воздушен простор, за што Москва негира.

XS
SM
MD
LG