Достапни линкови

Судската администрација најави штрајк со глад


Штрајк на судската администрација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Главен проблеми е неусогласеноста на платите со обемот на работа во судовите. Надлежните им вршат притисоци, а аминистративците велат дека не работат, туку рмбачат за ниски плати. Ако нивните барање се игнорираат најавуваат штрајк со глад.

Очигледно е дека судската власт секогаш ја заборава администрацијата и затоа дојдовме пред Министерството за правда да потсетиме дека сме обесправени, рече денеска претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски на протестот пред Министерството поради неисплатени надоместоци за плата на вработените во судската администрација. Тој пред почетокот на протестот предупреди дека ако надлежните и натаму ги игнорираат нивните барања како во изминатите неколку месеци, тогаш од понеделник вработените во судската администрација ќе штрајкуваат со глад.

Судската администрација не работи, таа рмбачи, како вол за слама, за 15 илјади плата. Ние работиме со странките од цела Македонија.
Анкетиран вработен во судска администрација.

„Во многу судови во Македонија вчера најавија дека се подготвени од понеделник да штрајкуваат со глад. Дали ова судска власт ќе го дозволи тоа? Дали на сите овие наши заложби нема еднаш да седне и да преговара и да ни каже дали сме во право или не? Јас мислам дека 100 проценти сме во право. До петок бевме така третирани дека сме во право, ни рекоа штрајкувате, но кога ја видоа нашата сила се определија да го скршат штрајкот“, рече Грујовски.

Како особено голем предизвик вработените во судската администрација го истакнаа дописот од претседателот на Судскиот совет во кој од претседателите на судовите се бараат списоци на сите што штрајкуваат. Зголемени се и притисоците и со тоа што со дописот му се укажува на Синдикатот дека како организатор на штрајкот има обврска на лицата кои учествуваат во штрајкот да им исплати остаток во износ од 40 отсто од плата, вели претседателот на УПОЗ Грујовски.

Вработените во судската администрација со транспаренти на кои пишува „Наместо да добиеме зголемување од 35 проценти, не казнивте со 40“, и „Бараме закон за судска служба, а не препишан закон“, ја блокираа улицата пред Министерството за правда во центарот на Скопје. Тие оценуваат дека нивната професија е во целост девалвирана. Според нив главен проблеми е неусогласеноста на платите со обемот на работа во судовите.

„Судската администрација не работи, таа рмбачи, како вол за слама, за 15 илјади плата. Ние работиме со странките од цела Македонија.“

„За судиите 45 отсто зголемување на платите, а за нас да немаат слух. Работата е поврзана системски, без нас не може да функционира судството“, велат дека од вработените во судската администрација.

Тие најавуваат дека денешниот протест пред Министерството за правда е само почеток на синдикалната битка доколку надлежните и натаму ги игнорираат нивните барања.

„Ова не е последен чекор. Последен чекор е заклучување на судските врати, а тоа значи ниту ние надвор, ниту странките внатре.“

Вработените во судската администрација бараат зголемување на надоместоците за палати од судската власт уште од декември кога имаа предупредувачки штрајк. И во март имаше тридневен штрајк и протест пред Министерството за правда со истото барање, судските службеници да бидат рамноправни со останатите вработени во судството. Синдикатот и денеска побара разговори со министерот за правда, но безуспешно.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG