Достапни линкови

Грција од денеска ги зголемува даноците


По вторпат за помалку од една година во Грција од денеска е зголемен данокот на промет од 23 на 24 проценти, согласно барањата на кредиторите на земјата во замена за финансиска помош. Овој пат Грците се најразочарани затоа што се погодени главните компоненти на секојдневниот живот - кафето и пивото.

Од денеска се зголемени и даноците на услуги, како што е интернетот, фиксниот телефон и телевизиската претплата за кабелската и сателитската телевизија.

Мерките беа одобрени од страна на Парламентот пред партнерите на Грција од еврозоната да се согласат да одмрзнат 10,3 милијарди евра помош и да започнат разговори за олеснување на долгот на Атина.

Грчката Влада исто така изврши реформи во пензискиот систем и потпиша договор за амбициозни буџетски цели.

XS
SM
MD
LG