Достапни линкови

Шарената револуција блокира крстосници во Скопје


Почнаа блокадите на крстосници во Скопје од страна на Шарената револуција. Денеска се блокираат неколку крстосници во центарот на главниот град. Велат дека ова е блокада за правда и слобода.

„Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка! Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија!“, се наведува во прогласот на движењето Протестирам.

Демонстрантите до вчера ги пријавуваа рутите на движење и времето на одржување на протестите во полиција, но поради тоа што полициски кордони им го блокираат движењето од вчера почнаа да се движат по ненајавени рути.

XS
SM
MD
LG