Достапни линкови

logo-print

Уапсени за фалсификување документи за мигрантите


Властите во Грција и во Чешка уапсиле дваесетина лица под сомневање дека фалсификувале документи за мигрантите кои се обидуваат да дојдат во Европа. Визите и пасошите биле продавани по 3 600 долари, по што биле испраќани во Африка, Блискиот Исток и Азија, соопшти Европската полициска агенција. Грчката полиција соопшти дека осомничените биле вмешани и во криумчарење мигранти. Осомничените во Чешка, главно украинци, биле уапсени кога се обиделе литвански фалсификувани документи да испратат во Атина.

XS
SM
MD
LG