Достапни линкови

Ердоган не знае што да преземе за односите со Русија


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека би сакал нормализација на односите со Русија, но не сфаќал каков прв чекор Москва треба да очекува од Анкара. Тој оцени дека Русија ги жртвувала нејзините односи со Турција поради, како што рече, „грешка на пилотот“. До неговите коментари доаѓа откако портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека Анкара би требало да преземе прв чекор за поправање на нарушените односи меѓу двете земји до што дојде откако Турција во ноември лани собори руски авион на турско сириската граница. Анкара одби да и се извини на Москва за инцидентот, наведувајќи дека авионот бил на турска територија. Русија воведе санкции спрема Турција.

XS
SM
MD
LG