Достапни линкови

Ирачката војска се спротивставува на контранападите на ИД во Фалуџа


Ирачките воени власти велат дека про-владините сили кои се борат на својот пат кон Фалуџа, се спротивставиле на контранападите на милитантите на групата на Исламската држава во јужниот дел на градот.

Генерал – полковник Абделвахаб ал – Саади, кој е главен команданд во операцијата за Фалуџа, изјави дека околу 100 милитанти на ИД учествувале во контранападот, но оти 75 од нив биле убиени.

Тој не изнесе бројка за жртви на страната на Владата.

Градот Фалуџа кој се наоѓа на 65 километри од Багдад повеќе од две години се наоѓа под контрола на ИД.

XS
SM
MD
LG