Достапни линкови

Русија негира дека извршила воздушни напади во Идлиб


Русија негираше дека нејзини авиони извршиле воздушни напади во текот на ноќта во градот Идлиб, кој е под контрола на сириските бунтовници.

„Руски авиони не извршуваа борбени мисии и воздушни напади во провинцијата Идлиб“, изјави денеска портпаролот на руското Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија денеска соопшти дека во воздушните напади се таргетирани бројни цели во градот, еден од нив блиску до болница и дека неколку деца се меѓу загинатите.

Турското Министерство за надворешни работи соошти дека во воздушните напади се убиени најмалку 60 цивили.

XS
SM
MD
LG