Достапни линкови

Десетици загинати во заседа на Талибанците во Авганистан


Осомничени талибански милитанти убиле најмалку 13 луѓе во заседа на автопат во северниот дел на Авганистан.

Авганистанските власти велат дека рано денеска четири автобуси биле запрени од страна на милитантите во областа Алиабад во провинцијата Кундуз.

Милитантите на почетокот за заложници земале 185 патници, останатите ги ослободиле, а 13 други биле убиени изјави за авганистанскиот сервис на РСЕ,Хејратула Акабари.

Локалните жители велат дека 18 заложници брутално биле убиени од страна на талибанските милитанти, и телата на петмина ги фрлиле во река.

Талибанците не го коментираа нападот.

XS
SM
MD
LG