Достапни линкови

Одложено рочиштето за „Дива населба“


Судскиот процес „Диво Насеље“ за настаните од 9 и 10 мај минатата година денеска повторно се одложи откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето. Од Врховниот суд немаше конкретно објаснување зошто на новинарите и адвокатите не им е дозволен влезот.

Претходното рочиште беше одложено бидејќи судијата која го води предметот Верка Петковска беше на боледување.

Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.Убиени беа и десет лица од вооружената група

XS
SM
MD
LG