Достапни линкови

logo-print

Амнести: проблем со расселените во Авганистан


Амнести интернешнал денеска упати апел до властите во Авганистан и до меѓународната заедница да се соочаат со проблемот на внатрешно расселените луѓе во таа земја. Над милион и 200 илјади авганистанци се бегалци во сопствената земја поради судирите кои траат веќе 15 години. „Повеќето живеат во ужасни услови и се на работ на преживување“, се наведува во извештајот објавен во Кабул. Талибанците ги интензивираа акциите во таа земја по заминувањето на меѓународните сили во 2014 година.

XS
SM
MD
LG