Достапни линкови

Во воздушни напади во Сирија десетина загинати


Во денешните жестоки воздушни напади во сирискиот град Идлиб кој е под контрола на бунтовниците биле убиени најмалку 14 луѓе, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, додавајќи дека најверојатно нападите биле извршени од руски авиони. На 25 мај Русија објави времен прекин на воздушната кампања која е поддршка на сирискиот режим, наведувајќи дека сака да им даде можност на бунтовниците кои го потпишале примирјето да ги прекинат нивните врски со Фронтот Ал Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда. Москва тогаш не прецизира колку време ќе трае прекинот.

XS
SM
MD
LG