Достапни линкови

logo-print

Јункер: мојата посета на Москва не е за санкциите


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека неговата посета на Москва планирана за идниот месец не е сигнал за олабавување на европските санкции против Русија. Јункер ја прифати поканата да учествува на Меѓународниот економски форум кој на 16 јуни ќе се одржи во Санкт Петербург. Тоа ќе биде прва посета на еден функционер на ЕУ откако Москва го анектира Крим од Украина во 2014 година. Неговата посета доаѓа на неколку недели пред членките на Унијата да расправаат за тоа дали да ги прошират санкциите против Русија.

XS
SM
MD
LG