Достапни линкови

Собранието формира Комисијата за импичмент на Иванов


Со 52 гласа „за“ и 33 „против“ Собранието на Македонија вчера ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од опозицијата. Комисијата брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА. Според СДСМ, бројот на членовите и предлогот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Комисијата не е соодветен. СДСМ смета дека во Комисијата треба да добијат три члена. Продолжението на собраниската седница е најавено за денеска.

XS
SM
MD
LG