Достапни линкови

МВР потврди- приведен возачот на „пикапот“ задолжен за музиката на протестите


Од МВР ни потврдија дека е приведено едно лице на 54-годишна возраст, возач на „пикапот“ од кој се пушта музика на секојдневните антивладини протести и е задолжен за озвучувањето. Додека трае сослушувањето, не можеме да дадеме повеќе детали за причините за приведувањето, изјавија за Радио Слободна Европа припадници на МВР. Приведувањето се случило по вечерашните протести пред Порта Македонија во Скопје.

Нашиот репортер од теренот јавува дека неколку десетици луѓе се собрани пред полициската станица „Пролет“ во Скопје во знак на поддршка на лицето кое го вози „Пикапот“. Тие извикуваат „Држава полициска“ и бараат ослободување на приведениот.

XS
SM
MD
LG