Достапни линкови

logo-print

ПССЕ: Нема услови за мигрантите во новите центри во Грција


Условите во новите прифатни центри за луѓето кои беа преместени од кампот во Идомени, не одговараат на меѓународните стандарди, се посочува во извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Известувачот на ПССЕ посетил три бегалски центри во Солун и според неговиот извештај, нема создадени услови согласно меѓународните стандарди.

„Во местата кои ги посетив нема личен простор, тие не се обезбедени од пожар, нема светлина и вентилација, а луѓето немаат информации за својата состојба или нивните перспективи“, се забележува во извештајот.

XS
SM
MD
LG