Достапни линкови

logo-print

Препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името


СДСМ денеска преку пишано соопштение обвини дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прифатил промена на името на државата.

Во соопштението се вели дека во 2008 година, Груевски како премиер се согласил со името Република Македонија (Скопје).

„И самиот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, како министер за надворешни работи, во писмо упатено до Генералниот секратар на ООН, Бан Ки Мун призна дека го прифатиле предлогот за промена на името во „Република Македонија (Скопје)“, но тој предлог го одбила Грција, се наведува во соопштението.

СДСМ посочува дека ова е потврдено и во документите што ги објави „Викилис“, како и во прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“.

Со реакција на ваквите тврдења излезе ВМРО – ДПМНЕ:

„Обвинувањата на СДСМ дека претседателот на партијата Никола Груевски го договорил и прифатил промена на името на Република Македонија, за оваа партија се показател дека тие се опседнати и фрустрирани од него.

Од партијата истакнуваат дека ниту тој ниту партијата тргувале, ниту пак ќе тргуваат со уставното име на земјата.

„Фрустрацијата во СДСМ од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е толку голема што во секое соопштение го спомнуваат по 10 пати, по еднаш за сите изборни циклуси по ред кои ги губи СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ, во речиси 11 години. Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не тргувале ниту ќе тргуваат со уставното име на Република Македонија. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и непроменети, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

Трговци со националните интереси на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ се секогаш СДСМ и лидерот на таа партија, сеедно кој.

„Поради Црвенковски и Шекеринска настрадаа името и знамето, а Македонија беше територијално прераспределена. Радмила Шекеринска најавуваше дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за само 6 месеци по доаѓањето на власт, покажувајќи максимална спремност да ја витка кичмата. Доследен на партиската еластична кичма е и Зоран Заев кој не само што најави јавно дека ќе витка кичма за името и идентитетот, туку и јавно се пазари со луѓе кои сакаат да ја федерализираат Македонија“, се вели во ракцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „СДСМ секогаш е подготвен на се за, како што посочуваат, да дојде на власт, вклучувајќи го и раскрчмувањето на Македонија и уништувањето на македонското ткиво“.

XS
SM
MD
LG