Достапни линкови

Тројца украински војници убиени на истокот на земјата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Украинската армија соопшти дека тројца војници се убиени и осум повредени во нови борби меѓу владините сили и сепаратистите поддржани од Русија на истокот на земјата.

Воениот портпарол Андриј Лисенко изјави дека борбите се поинтензивни за разлика од минатиот месец и ги обвини сепаратистите за „активно користење на тешко оружје“, вклучително и ракетните фрлачи од типот „Град“.

Лисенко рече дека најновите судири се случиле околу градот Доњецк кој е под контрола на сепаратистите и во градот Мариупол на Азовското Море кој е под контрола на владините сили.

Украинските сили претрпеа значителни загуби во последните денови. На 24 мај Киев соопшти дека седум војници биле убиени во борбите со сепаратистите. На 28 мај пет други војници беа убиени.

Во услови на зголемено насилство, украинскиот претседател Петро Порошенко повика на поголема странска помош и го назначи за негов советник поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

XS
SM
MD
LG