Достапни линкови

logo-print

Анкара предлага заедничка операција со Вашингтон во Сирија


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предлага формирање нова коалиција предводена од Турција и САД, за спроведување на заедничка операција против групата Исламска држава (ИД) во Сирија.

„Турција и САД треба да започнат заедничка копнена операција во која подоцна ќе се приклучат Франција, Велика Британија и Германија, предлага шефот на турската дипломатија.

Чаушоглу при тоа ја критикуваше соработката на САД во борбата против ИД во Сирија со курдската Партија на демократска унија (ПУД) и нејзините паравоени формации кои Анкара ги смета за огранок на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), која дејствува во Турција.

Во одговорот на прашањето дали Турција ќе ја затвори базата во Инджирлик ако продолжи соработката на САД и ПУД, Чавушоглу нагласи дека таков развој е непожелен.

XS
SM
MD
LG