Достапни линкови

logo-print

Почна битката за Фалуџа


Ирачката армија го држи притисокот врз милитантите на ИД во нивното упориште Фалуџа, град кој се наоѓа на 50 километри западно од Багдад. Конечниот удар беше одложен со цел да им се даде време на цивилите да го напуштат градот. Во меѓувреме, се подготвувала и офанзива врз второто упориште на ИД, Мосул.

Ирачката армија поодржана од шиитските милиции на копно и од сојузниците предводени од Соединетите Држави од воздух, го завршила опколувањето на Фалуџа.

Армијата соопшти дека биле заробени десетици џихадисти и уништени неколку возила полни со експлозив.

Операцијата за ослободување на градот почна на 23 мај и сега главно се воделе борби за повторно освојување на едно гратче блиску до Фалуџа.

Според ирачката армија, станува збор за гратчето Саглавија што е клучно за натамошното напредување кон Фалуџа.

„Ние сме на три километри од Саглавија. Она што сакам да го кажам е дека операцијата се одвива според планот, моралот на војниците е висок и досега постигнавме повеќе од она што го очекувавме“, изјави Хади ал Амири, лидер на организацијата Бадр која е поддржана од Иран.

Фалуџа, која е бастион на сунитските џихадисти, беше првиот град кој падна во рацете на милитантите на Исламската држава во јануари 2014 година.

„Една од пречките за одложување на нападот врз Фалуџа е нашата загриженост во врска со безбедноста на цивилите во градот. Ги повикавме луѓето во Фалуџа во наредните денови да го напуштат градот“, им изјави Амири на новинарите на периферијата на Саглавија.

Сили за борба против тероризмот, специјализирани за урбано војување се распоредиле напозиции околу Фалуџа и треба да почнат да влегуваат кога ќе заврши опколувањето на градот, објави ирачката државна телевизија.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, во неделата објави дека воената операција за Фалуџа влегува во нејзината трета фаза.

Фалуџа, која е бастион на сунитските џихадисти, беше првиот град кој падна во рацете на милитантите на Исламската држава во јануари 2014 година.

Шест месеци подоцна, групата прогласи самонаречен калифат кој опфаќа големи делови од Ирак и од соседната Сирија.

Ирачките сили го почнаа опколувањето на Фалуџа уште во минатата година, но главните операции досега беа фокусирани врз териториите под контрола на џихадистите западно и северно од градот.

Ирачките власти ветија дека ќе ја вратат контролата и врз Мосул, најголемиот град на северот на земјата во текот на оваа година.

Тоа е дел од планот на Соединетите Држави за отстранување на милитантите на Исламската држава од нивните и де факто главни градови во Ирак и Сирија.

Но, битката за Фалуџа, кој не се смета за воен предуслов за напредувањето кон Мосул, може да ја одложи операцијата за Мосул, сметаат експертите.

Во меѓувреме, курдските сили на линијата на фронтот во северен Ирак соопштија дека организирале голема офанзива во кој биле вклучени пет ипол илјади војници со поддршка на меѓународната коалиција, како дел од кампањата за преземањето на Мосул од рацете на екстремистите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG