Достапни линкови

Бугарија враќа мигранти во Грција


Бугарија врати неколку дестици мигранти во Грција кои од таму пристигнале во товарен воз. Меѓу нив главно имало авганистанци. Ова е за прв пат Бугарија да депортира мигранти во Грција. Се очекува денеска да биде вратена уште една група од околу 40 сиријци и ирачани. Мигрантите биле приведени на 28 мај и тоа е најголемата група мигранти кои се обиделе да влезат во Бугарија од почетокот на мигрантската криза. „Испративме силна порака до шверцерите кои го користат регионот врз маката на луѓето“, изјави бугарската министерка за внатрешни работи Румијана Бачварова.

XS
SM
MD
LG