Достапни линкови

Иран нема да праќа верници на аџилак во Мека


Иранците нема да бидат дел од годинешниот аџилак во Мека поради пречки од Саудиска Арабија, обвини денеска министерот за култура на Иран Али Џанати. Иранската организација за аџилак соопшти дека Саудиска Арабија го попречува апсолутното право на Иранците да одат на аџилак и го попречува нивниот пат до Алах.

Саудските власти пак соопштија дека иранската делегација ја завршила својата посета на 27 мај без да постигне конечен договор за аџиите од Иран. Тие рекоа дека договор имало во некои области како користење на електронски визи, а дека нивната дипломатска мисија во Иран ќе остане затворена.

Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран во јануари откако иранските демонстранти ги запалија саудиската амбасада и конзулатот во Техеран. До тоа дојде откако Саудиска Арабија егзекутираше познаат шиитски свештеник.

XS
SM
MD
LG