Достапни линкови

logo-print

Одбележување на сто години од битката кај Верден


Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ја одбележуваат сто годишнината од битката кај Верден, најдолгата битка за време на Првата светска војна. Лидерите ја започнаа церемонијата прво со посета на германските воени гробишта северно од Вердун.

Главното одбележување е попладнево каде ќе се обратат двајцата лидери. Еден од главните елементи на комеморацијата е образување на младите за битката од која веќе ниту еден од тогаш преживеаните не е жив. Околу 4000 француски и германски тинејџери ќе ја следат церемонијата.

Офанзивата во 1916 година траше 300 дена и загинаа повеќе од 300 000 луѓе. Меркел и Оланд се очекува да го искористат денот за да потсетат на потребата од единство во време во кое Европската унија е под притисок на мигрантската криза и отворена е можноста за т.н. Брегзит.

XS
SM
MD
LG