Достапни линкови

Ирачките сили ја обиколија Фалуџа, Курдите почнаа офанзива кај Мосул


Ирачките специјални сили завршија со опколувањето на Фалуџа во пресрет на операцијата за преземање на градот од милитантите од Исламска држава.

Во меѓувреме силите на ирачките Курди Пешмерга, со поддршка на воздушни напади кои ги спроведува коалицијата предводена од САД, почнаа акција за да ги преземат областите источно од Мосул, кои исто така се контролирани од ИД.

Откако почна операцијата на 22 мај ирачките сили и шиитските милиции поддржани од Иран ја преземаа контролата на неколку области околу Фалуџа која се наоѓа на 70 километри од Багдад. Според војската тие преземале речиси 80 проценти од територијата околу градот. Во операцијата која исто така денеска ја преземаа ирачките курдски сили со помош на коалицијата предводена од САД се вклучени околу 5500 војници и се очекува да се преземат области околу Мосул, град кој исто така е под контрола на ИД.

XS
SM
MD
LG