Достапни линкови

Пет украински војници загинаа во последните 24 часа


Пет украински војници загинаа, а четворица се повредени во новите судири со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Донбас во источна Украина. Ова е најголема бројка загинати во еден ден годинава, соопшти денеска војската.

Вчера од таму наведоа дека судирите меѓу владините сили и сепаратистите поддржани од Русија се интензивирале. Сепаратистите ја обвинуваат војската дека преземала десетици напади во последниве денови а двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување на прекинот на огнот.

Во услови на зголемено насилство украинскиот претседател Петро Порошенко побара поголема надворешна помош и го именува поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за негов советник.

XS
SM
MD
LG