Достапни линкови

Груевски:Третина од тие што протестираат се дебело платени


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во петтиот дел од интервјуто дадено за порталот Телеграф, објавен денеска демонстрантите од Шарената револуција ги нарече “две илјади дебело платени луѓе, кои ги бојадисуваат зградите и спомениците и се замислуваат дека прават некаква револуција”.

На прашањето дали сите што протестираат тоа го прават за пари Груевски вели дека не сите, но оти една една третина до една половина биле како што вели дебело платени од организаторите, главно НВО.

“ И тие се најголем дел од агресивните. Тоа се луѓе што не само што се платени, туку живеат од тоа плаќање. Големи пари се трошат за сето ова. Останатите се мешавина од активисти на СДСМ кои доаѓаат по партиска задача на секој можен протест против нас. Понатаму, има т.н. хејтери или мразачи, кои се на секој протест и го мразат секого што е на власт, бидејќи причините за своите лични неуспеси ги бараат кај власта, а не кај себе и во своите грешки и такви има во секое општество. Има и луѓе што наивно веруваат дека набрзо ќе дојде на власт СДСМ, па мислат да фатат некаков приклучок, да ги видат, заради остварување на некој нивен личен интерес”вели Груевски.

Тој додава и дека на протестите имало и неуспешни како што велипоранешни функционери кои во секој проект на Владата ја препознавале својата неуспешност и безидејност, па вака додава си лекувале лични фрустрации и се надевале пак на функција ако победи СДСМ.

“Секако дел се реално незадоволни граѓани заради некои грешки и пропусти на власта. И тие се главната причина зошто секој таков протест внимателно го анализираме за да извлечеме некоја порака или поука од нив и да коригираме некое наше работење или однесување кон подобро” вели Груевски зборувајќи за протестите на т.н. Шарена револуција.

XS
SM
MD
LG