Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 700 мигранти исчезнати во Средоземното море


Агенцијата за бегалци на Обединетите нации соопшти дека повеќе од 700 мигранти се удавиле откако нивните пловила потонале во Средоземното море во последните неколку дена во обид да стигнат до Европа.

Портпаролот на УНХЦР Карлота Сами за агенцијата Асошиејтед Пресс рече и дека околу стотина луѓе се водат како исчезнати од бродот на криумчарите кој се преврте на 25 мај.

Други 550 луѓе се исчезнати од друг брод кој се преврте на 26 мај откако ден претходно го напуштил пристаништето Сабрата во западна Либија.

Во трета несреќа која се случилана 27 мај се пронајдени тела на 45 лица, а многу се водат како исчезнати.

Италијанските јужни острови се главната дестинација за бродовите на криумчарите кои носат мигранти од Либија.

XS
SM
MD
LG