Достапни линкови

Путин повика на поблиски врски со Грција


Рускиот претседател Владимир Путин повика да се зацврстат односите со Грција во рамки на неговата дводневна посета на земјата. Тој ова го порача од Атос, едно од најсветите места за христијаните. На состанокот со претставниците на Света гора рускиот претседател рече дека духовното сродство и довербата ќе бидат одредувачки фактори за нивните традиционално блиски и пријателски односи и во иднина.

Путин учествуваше на вчерашната прослава по повод илјада годишнината од присуството на руски монаси во светата заедница на Атос. На полуостровот има 20 манастири , меѓу кои руски, српски и бугарски кои имаат автономија од византиско време.

Придружуван од патријархот на руската православна црква Кирил, Путин го посети и рускиот манастир Свети Пантелејмон.

Со нив беа и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас.

XS
SM
MD
LG