Достапни линкови

Лариџани реизбран за претседател на иранскиот парламент


Умерениот конзервативец Али Лариџани денеска е избран за времен претседател на иранскиот парламент. Лариџани освои 173 гласа од 290 пратеници колку што има во парламентот, а неговиот противник реформистот Мохамед Реза Ареф доби 103 гласа.

Гласањето за постојан парламентарен спикер ќе се одржи во следниве денови откако ќе бидат потврдени акредитивите на поединечните пратеници.

Новиот ирански парламент кој е формиран според гласањето во февруари и во април даде заклетва на отворена седница вчера.

На изборите во февруари се гледаше како на референдум за јулскиот нуклеарен договор на Техеран со светските сили. Во говорот пред пратениците претседателот Хасан Рохани го пофали Лариџани за поддршката на нуклеарниот договор и побара поголема соработка меѓу парламентот и владата за да се решат проблемите и кризата во земјата.

XS
SM
MD
LG