Достапни линкови

СЗО не е за преместување на ЛОИ поради Зика


Светската здравствена организација (СЗО) ги одби повиците од 150 здравствени експерти поради вирусот Зика да одложуват или преместат Летните олимписки игри кои треба да се одржат во Бразил. Агенцијата за здравје на Обединетите нации во вчерашното соопштение наведува дека нема оправдување за одложување или откажување на игрите поврзано со јавното здравје. Олимписките игри треба да се одржат од петти август до 21 септември годинава.

СЗО кои го прогласија ширење на Зика во Америка за глобална криза во февруари, сега соопштија дека преместувањето на игрите нема да предизвика значајна разлика во неговото ширење.

Во отворено писмо до генералниот директор на СЗО објавено вчера експерти од повеќе земји од области како јавно здравство и педијатрија побараа игрите во Рио да бидат бидат одложени или да се одржат на друго место. Стотици илјади луѓе од целиот свет се очекува да допатуваат во Рио де Женеиро и други бразилски градови ова лето за да ги следат летните олимписки игри на кои ќе се натпреваруваат повеќе од 10 000 атлетичари.

XS
SM
MD
LG