Достапни линкови

Ирачките елитни сили се распоредија околу Фалуџа


Ирачките антитерористички сили се распоредија околу Фалуџа првпат откако почна операцијата за преземање на градот од борците од Исламска држава. Антитерористичките сили кои се најтренираната и најелитната единица ги заземаа позициите вчера, но не се знае кога ќе почне акцијата за преземање на Фалуџа која е под контрола на Исламска држава од 2014 година.

Откако почна операцијата на 22 мај ирачките сили вклучително и шиитските милитанти кои се поддржани од Ирак ја преземаа контролата на неколку области околу Фалуџа која се наоѓа на 70 километри од главниот град Багдад.

Фалуџа е еден од двата големи ирачки града кои се се уште под контрола на ИД. Другиот голем град е Мосул. Американската војска соопшти дека околу 50 000 цивили се уште остануваат заробени во градот и дека преку летоци им е соопштено да ги напуштат областите на ИД, а на своите покриви да стават бели чаршави.

XS
SM
MD
LG