Достапни линкови

Техеран и Ријад не постигнаа договор за аџилакот


Саудиска Арабија и Иран не успеаа да постигнат договор за аранжмани за Иранците да одат на годишниот аџилак во Мека а властите од двете земји меѓусебно се обвинуваат за застојот. Саудиските власти го обвинија Иран за напуштање на преговорите вчера иако тие тврдат дека понудиле решенија за иранските барања. Според нив договор има за одредени прашања, како на пример користењето на електронски визи кои можат да бидат печатени од иранските верници, а саудиската дипломатска мисија ќе остане затворена во Иран.

Според претставници на Иран пак, поради недостиг на единствена одлука саудиските власти го одложуваат договорот.

Иранските власти повикаа да не се праќаат верници во Саудиска Арабија се додека не биде осигурана нивната безбедност. Минатата година стотици верници загинаа во стампедо во Мека за што Техеран ја обвини Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG