Достапни линкови

45 мигранти пронајдени мртви од италијанската крајбрежна стража


Најмалку 45 мигранти се пронајдени мртви, а десетици се водат за исчезнати откако нивниот брод потона во Средоземното море вчера, соопшти италијанската крајбрежна служба. Околу 14 000 луѓе се симнати од оштетени пловила неделава соопштија Обединетите нации, а стотици можеби и потонале иако нема официјални процени за досегашните последици.

Италијанскиот брод Вега спаси 135 луѓе во една од 17 операции спроведени од италијанската крајбрежна служба вчера.

Беа пронајдени и 45 тела, а се уште се трага по исчезнатите.

Потоплото време и мирното море го зголемија бројот на луѓе кои од Либија се обидуваат да дојдат во Европа.

XS
SM
MD
LG