Достапни линкови

Денеска протест на Шарена револуција, па забава пред ПС Беко


Шарената револуција и движењето Протестирам за попладнево во 18 часот најавија нови протести.

„Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд. Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда“ наведоа од Протeстирам во објавата на социјалната мрежа Фејсбук во која повикаа на повторно собирање пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот.

По завршувањето на протестот, како што се најавува на Фејсбук, пред полициската станица Беко ќе се организира забава наречена Информативен разговор.

„ На собирот нема да се фрла боја и секој кој ќе се обиде да фрли ќе биде отстранет од настанот. Кој исто собрал анимозитет кон полицајците и сака да го испразни нека седи дома. Одиме за да се насмевнеме малку и да ги опуштиме нив, ни треба на сите малку во ова тегобно време. Да им кажеме и покажаме дека иако тие носат значки и мораат да ги слушаат наредбите на Чавков, ние сме еден ентитет“ се наведува во објавата.

Овој настан следува откако неделава активисти и учесници во т.н. Шарена револуција беа повикувани да дадат изјави во полициската станица Беко поради фрлање со боја за време на протестите поради што беа казнети со прекршочна казна од Законот за јавна чистота.

XS
SM
MD
LG