Достапни линкови

Убиени 70 припадници на ИД во Фалуџа


Вашингтон соопшти дека во воздушните и артилериски напади од коалицијата предводена од САД загинале 70 борци од екстремистичката група Исламска држава вклучително и нивниот лидер во ирачкиот град Фалуџа Махер Ал-Билави. Портпаролот на американската војска Стив Варен вчера во Багдад рече дека во последните четири дена во дваесет напади на цели во близина на градот биле уништени борбените позиции на Исламска држава.

Ирачките сили почнаа со операција за повторно враќање под своја контрола на Фалуџа во почетокот на неделава. Градот се смета за упориште на Исламска држава и се наоѓа на само 50 километри западно од Багдад.

XS
SM
MD
LG