Достапни линкови

Северна Кореја ќе пука кон бродови на Јужна Кореја


Северна Кореја соопшти дека ќе отвори оган кон секој брод кој од Јужна Кореја ќе влезе на нејзина територија.
Пјонгјанг ова го соопшти денеска, ден откако јужнокорејските бродови испукаа предупредувачки кон два севернокорејски брода кои навлегоа во водите што се сметаат за спорни. Северна Кореја соопшти дека двете пловила биле невооружени и дека биле во нивните води.

Пјонгјанг соопшти и дека наредбата била да се пука без предупредување кон кој било воен брод на Јужна Кореја кој ќе навлезел во нивните води дури и 0,001 милиметар.

Северна Кореја не ја признава западната поморска граница меѓу двете земји исцртана од Обединетите нации по завршувањето на Корејската војна во 1953 година.

XS
SM
MD
LG