Достапни линкови

Иранските парламентарци положија заклетва


Новиот ирански парламент кој беше формиран според резултатите од изборите одржани во февруари и во април даде заклетва на отворена седница во Техеран. Собранието кое има 290 места првата седница ја одржа денеска.

Во неговиот состав има свежи реформски сили чии пратеници се очекува да ги поддржат напорите на претседателот Хасан Рохани да ја модернизира иранската економија и социјална политика. Со нивната победа се заврши 12 годишната доминација на цврстото конзервативно крило во иранскиот парламент кој има 290 места.

Врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи испрати порака на првата седница наведувајќи дека парламентарците треба да внимаваат од западните сили.


XS
SM
MD
LG