Достапни линкови

Расмусен именуван за советник на Порошенко


Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен рече дека ќе направи се што е во негова моќ да за да ја промовира сигурноста, економските реформи и зацврснување на врските со Европската унија во својство на советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Расмусен ова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук денеска, ден откако Порошенко го објави неговото назначување. Украинскиот претседател на прецизираше за кои точно прашања Расмусен ќе му биде советник. Поранешниот генерален секретар на алијансата ја опиша безбедносната ситуација во источна Украина како алармантна и нагласи дека земјата мора да се бори против корупцијата и да ги спроведе реформите.

Членот на руската Дума Леонид Калашников кој е и заменик претседател на комитетот за надворешни работи за за Интерфакс оцени дека именувањето на Расмусен е непријателски гест кон Русија. Според Константин Косачов, претседавач со федералниот совет за надворешни работи овој потег како и многу други преземени досега од Украина биле поради како што напиша шоу бидејќи на земјата очајно потребно и било внимание од надвор.

XS
SM
MD
LG