Достапни линкови

logo-print

Груевски засега не се враќа на премиерската позиција


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во четвртиот дел на интервјуто дадено за порталот Телеграф објавено денеска вели дека одлучил засега да не се враќа на премиерската позиција.

„Одлучив засега да не се враќам на таа позиција бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен. Ако се вратев сега на функцијата, многумина ќе помислеа дека можеби ја внесувам земјата во некаков ризик за да бидам премиер. Мене тоа не ми е приоритет. Мене приоритет секогаш ми бил заедничкиот успех како партиски, така и државен. Ако ова придонесе и малку да се намалат тензиите во општеството, тоа ќе е уште подобро“ вели Груевски.

Тој вели и дека тие биле отворени за инклузивност и сакале опозицијата да е вклучена во сите поважни процеси но се покажало во последниот обид, кога како што вели ги внеле во Владата, дека тие тоа го злоупотребиле.

„Затоа, сега одлучивме да ја вратиме коалицијата ВМРО-ДПМНЕ -ДУИ, а секако пред наредните избори кога и да се, ќе постапиме согласно законите и скопскиот договор од јуни-јули 2015 и на 100 дена пред изборите ќе им ги овозможиме сите привилегии согласно тој договор и закон“ вели Груевски и тврди дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува земјата да влезе во НАТО и во ЕУ и да ги надмине сите препреки.

XS
SM
MD
LG