Достапни линкови

logo-print

Гнев во Пакистан по предлогот за дозвола на тепањето на жени


Предлогот на мажите да им биде дозволено „малку да ги тепаат“ своите жени на Исламското религиозно тело предизвика гнев во Пакистан. Предлогот вклучува и нацрт закон кој што беше објавен од Советот за Исламска идеологија на 26 месецов и се смета за алтернатива на законот со кој им се даваат повеќе права и заштита на жените кој беше усвоен во провинцијата Пунџаб во февруари.

Во исламскиот закон се наведува дека „на мажот треба да му биде дозволено малку да ја натепа својата сопруга доколку таа пркоси на неговите наредби, одбива да се облече според неговите желби или пак го одбива барањето за односи без никакви верски оправдувања “. Следејќи го гневот во општеството поради ваквиот предлог најголемиот и највлијателен весник во земјата објави карикатура со листа на работи со кои мажите можат да ги тепаат жените која вклучува јајца или пак дното од шишето со кечап. Текстот е редок пример за сатира во медиумите за прашања поврзани со конзервативните исламски авторитети.

Нацрт-законот исто така беше осуден и од Комисијата за човекови права во Пакистан која го нарече смешен.

XS
SM
MD
LG