Достапни линкови

Средба на Путин и Ципрас во Атина


Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со грчките лидери во Атина на својата прва посета во земја членка на Европската унија годинава. Оваа посета доаѓа кратко време пред унијата да ги продолжи санкции против Москва заради Украина.

Тој се сретна со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас кратко време по пристигнувањето во Атина вчера со што ја започна дводневната посета.

Путин рече дека ги разгледува инвестициските можности за да и помогне на грчката економија. Ова се тешки времиња за сите, од економски и безбедносен аспект, нагласи рускиот претседател додавајќи дека со Атина имаат длабоки и историски врски. Според Ципрас ова бил специјален момент за Грција.

Во делегацијата со Путин се и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и директори на државни енергетски компании.

XS
SM
MD
LG