Достапни линкови

logo-print

Селективната правда е неправда, порачаа демонстрантите пред СЈО


Граѓани и денеска се собираат на протест пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. На социјалните мрежи граѓанското движење „Протестиран“ порача дека нема да запрат и оди не прифаќаат парцијално повлекување на аболицијата.

Половична правда е неправда, велат демонстрантите потенцирајќи дека нема да запрат додека не се повлече аболицијата целосно.

„Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд. Претседателот си поигрува со нас, но уште повеќе се поигрува со правдата“ се вели во најавата.

XS
SM
MD
LG